Влегле со фантомки и им ја изгореле компанијата до темел

Вторник, 16 Апр 2019 | Прочитано 255 пати.

Девет камиони изгореа во пожар што ноќеска после полноќ непознати сторители го подметнале во градежна компанија „5-Д“ во Врање, Србија. Покрај камионите, во пожарот се уништени и две градежни машини. Во пожарот нема повредени, но штетата е проценета на повеќе од половина милион евра. Според податоци од српските медиуми, пожарот го подметнале три маскирани лица кои го нападнале и го врзале чуварот.


„Околу два часот ноќеска три лица маскирани со фантомки го нападнале и го врзале чуварот. Еден внимавал на него, а другите двајца, иако местото е осветлено и под камери, палеле камион по камион, разни машини, а на крај дошле и до асфалтната база“, изјавила финансовата директорка на компанијата „5-Д“, Соња Угрчиќ.


Српските медиуми наведуваат дека компанијата работела на градежните работи на Коридорот-10 и оти сопствениците биле со потекло од Хрватска. Полицијата е на теренот и се собира материјал за почеток на истрагата.

[назад]
loading...
Коментари