Ердоган: „Франција не може да држи лекции за геноцид“

Среда, 24 Апр 2019 | Прочитано 179 пати.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Франција, земјата која изврши геноцид над сто илјадници луѓе во Руанда не може да и одржи лекција на Турција.

Во говорот на Симпозиумот на Државните архиви во Анкара, претседателот Ердоган рече дека сите оние кои што денес се обидуваат да се изјаснат како поборници за заштита на настраданите во геноцидите, демократијата о слободите, во суштина им се обелоденети масакрите, геноцидите, тортурите и нечовечното однесуавње.

Сите знаеме дека Французите се извршители на геноцидот во Руанда пред 25 години кога беа убиени над 800 илјади луѓе. Денес Французите се обидуваат да ни одржат лекција? Каква лекција можете да ни одржите вие? Ние многу добро ги знаеме масакрите што ги извршивте во Алжир и Руанда, рече Ердоган.

Сите оние кои што денес преку ерменското прашање и борбата против тероризмот се обидуваат да и одржат лекција на Турција за човековите права и демократијата, имаат крваво минато. До денес ниту една група или држава која се обидува да го разгори ерменското прашање, тврдењата не може да ги докаже со архивски документи.

Ако целта навистина им е да се утврди вистината, вратите на нашите архиви се бескрајно отворени. Ние нема што да криеме. И вие Ерменците ако имате архиви, исто така и другите трети земи ако имаат нека ги отворат своите архиви. Ние знаеме дека сите оние кои што со разгорување на ерменското прашање се обидуваат да предизвикаат хаос и анархија, во суштина не сакаат да се утврди вистината, подвлече претседателот Ердоган.

[назад]
loading...
Коментари