Акар: Испораката на авионите Ф-35 се очекува во ноември

Четврток, 14 Март 2019 | Прочитано 181 пати.

Tурскиот министер за одбрана, Хулуси Акар изјави дека испораката на авионите Ф-35 се очекува во ноември.

– И покрај одредени изјави, процесот за Ф-35 тече по планот. Нашите пилоти и тимот за поддршка продолжуваат со обуката во САД, истакна Акар.

Според него, подготовките за инфраструктурата во Малатија се завршени.

Анкара планира да купи сто воени авиони од типот Ф -35 од САД.

[назад]
loading...
Коментари