Албанија со закон ќе врши „чистка“ во полицијата

Четврток, 08 Фев 2018 | Прочитано 311 пати.

Албанската Влада усвои Предлог-закон кој предвидува проверка на 13.000 полициски службеници и припадници на Националната гарда во земјата.


Албанскиот заменик министер за внатрешни работи Јулијан Ходај изјави дека властите сакаат да ги согледаат професионалните и личните карактеристики на вработените, за да ги „отстранат оние кои се вмешани во криминал, корупција или не се професионалци".


Тестирањето ќе се однесува и на судиите и обвинителите во Албанија.


Борбата против организираниот криминал и особено против трговијата со дрога е клучен предизвик за Албанија. Земјата е членка на НАТО од 2009 година и доби статус на кандидат за членство во ЕУ во 2014 година. Тирана се надева да започне преговори за пристапување кон ЕУ оваа година.

[назад]
loading...
Коментари