Арапи сакаат да градат ресорт кај Улцињ вреден милијарда евра

Понеделник, 26 Авг 2019 | Прочитано 569 пати.

Во Улцињ деновиве почнаа да пристигнуваат инвеститори за изградба на проектот Мавриан Лакшари Ресорт (Mavrian Luxury Resorts).


Во рамки на тој проект, на површина од околу 63 хектари, ќе биде изградено пристаниште, три луксузни хотели и 105 вили со вкупно 5.000 кревети.


За проектот се заинтересирани инвеститори од Катар и од Египет.


Според градоначалникот на Улцињ, Љоро Некиќ, вредноста на инвестицијата е меѓу 600 милиони и милијарда евра.


Некиќ најави дека општината ќе бара согласност од Министерството за финансии за продажба на својот дел од земјиштето, што е проценето на околу 20 милиони евра, јавуваат црногорските медиуми.

[назад]
loading...
Коментари