Боздаг: Турција набрзо ќе го ослободи Африн од терористите

Вторник, 13 Март 2018 | Прочитано 167 пати.

Турција набрзо ќе го ослободи од терористи градот Африн, северна Сирија, изјави турскиот вицепремиер и портпарол на Владата, Бекир Боздаг.


Тој посочи дека од почетокот на турската операција во Сирија од јануари загинале 42 турски војници, а 3.381 терористи се неутрализирани.


- Во скоро време градот Африн ќе биде исчистен, наведе Боздаг.


Турската армија на 20 јануари ја почна операцијата „Маслиново гранче“ во реонот на Африн. Операцијата е насочена против сириските курдски милиции Сили за заштита на народот и Партија на демократската унија, кои за Анкара се терористички организации, поврзани со Курдска работничка партија.


Боздаг најави дека на 4 април во Истанбул ќе се одржи трилатерална средба за Сирија помеѓу Турција, Русија и Иран.


- Средба на руско-турскиот Совет за соработка на висок ниво ќе се одржи на 3 април, на кој ќе учествува и (претседателот на Русија, Владимир) Путин. Потоа на 4 април во Истанбул ќе се одржи средба Турција-Русија-Иран за Сирија, наведе Боздаг.

[назад]
loading...
Коментари