Брисел: Неизвесно продолжувањето на дијалогот Белград-Приштина

Среда, 10 Окт 2018 | Прочитано 167 пати.

Официјален Брисел засега молчи за можниот рок за продолжувањето на разговорите помеѓу Белград и Приштина, иако новата рунда на највисоко политичко ниво од седиштето на ЕУ беше најавена за крајот на минатиот месец, пишува „Данас“.

Дипломатски извори за „Данас“ неофицијално тврдат дека е неизвесно дали во октомври воопшто ќе се сретнат српскиот и косовскиот претседател, Александар Вучиќ и Хашим Тачи.

„Се стекнува впечаток дека ЕУ се помалку владее со ситуацијата во решавањето на косовскиот проблем, што покажува дека и покрај желбата на Федерика Могерини немаше средба помеѓу Вучиќ и Тачи минатиот месец“, наведува весникот.

[назад]
loading...
Коментари