Брутално претепан Борко Стефановиќ, лидерот на српска Левица

Сабота, 24 Ное 2018 | Прочитано 384 пати.

– Во Крушевац синоќа во пресрет на одржување на трибината на опозицискиот Сојуз за Србија, брутално беше претепан Борко Стефановиќ, претседател на партијата Левица на Србија и еден од основачите на Сојузот за Србија. Претепани се и активистите на оваа партија Бобан Јовановиќ и Марко Мандиќ, соопштија од Сојузот за Србија.

Поради сериозноста на повредите на главата, Борко Стефановиќ е пренесен во Ургентниот центар, а на Јовановиќ му се искршени два заба и му е расечена устата, а Димиќ има добиено повеќе удари во главата, се наведува во соопштението.

-Група тепачи вооружени со шипки го пресретнаа Стефановиќ пред МЗ Расадник во Крушевац, го турнаа на асфалт и  брутално го тепаа. Откако Јовановиќ и Димиќ му пријдоа да му помогнат на Стефановиќ, напаѓачите ги нападнаа и нив, велат од Сојузот за Србија.

Оттаму оценуваат дека нападот врз нивните членови е резултат на валканата хајка, која режимот на Александар Вучиќ секојдневно ја води против политичките неистомисленици.

[назад]
loading...
Коментари