Ќерката на еден од најбогатите турски бизнисмени и нејзини пријателки загинале во авионската несреќа кај Иран

Понеделник, 12 Март 2018 | Прочитано 779 пати.

Единаесет лица загинаа откако турски авион кој вчера се урна во југозападниот дел на Иран, јавија иранските медиуми.


Портпарол на цивилните воздухопловни власти на Иран потврди дека станува збор за турски приватен авион и за 11 загинати.


- Можеме да потврдиме дека турски приватен авион при пролетување на нашиот воздушен простор исчезна од радарот и се урна во близина на Шар е Корда, изјави портпаролот за агенцијата Исна.


Иранската државна телевизија јави дека авионот летал од Шардж во Обединетите Арапски Емирати до Истанбул и дека се срушил во планинско подрачје по што се запалил. 


Турската телевизија NTV соопшти дека во авионската несреќа, загинала ќерката на шефот на одборот на директори на инвестицискиот холдинг „Basaran“ Хусеин Башаран – Мина Башаран.


Според извештаите на турските медиуми, во авионот имало 7 други девојки а загинале вкупно 11 лица.


По се изгледа како што пренесуваат медиумите од светот девојките се враќале од ОАЕ каде Мина славела моминска вечер и требало да се омажи следниот месец. Судејќи според фотографии на Инстаграм, девојката водела светски начин на живот.



Често одела на забави, модни ревии. Најверојатно, Мина имала пријателски односи со многу ѕвезди од шоу бизнисот, а на нејзините профили во социјалните мрежи има фотографии со танчерот милионер Џанлука Вачи и репортерот Фарел Вилијам.


На социјалните мрежи, девојката има поставено слики и фотографии направени пред таа да влезе во фаталниот лет. Приватниот авион Bombardier Challenger 600 кој летал од Шарџа во ОАЕ за Истанбул, се урнал во близина на градот Шахр Корд во планинскиот регион во централниот дел на Иран откако исчезнал од радарот.



Под фотографиите на Мина Башаран во коментари се пишуваат тажни постови.


Операцијата за спасување моментално се одвива во областа на несреќата. По ударот на земјата, авионот се запалил. Според основната првична верзија, причината за несреќата можеби е дефект на моторот на авионот. Турските медиуми забележуваат дека приватниот авион припаѓал на турската инвестициска компанија Башаран холдинг.

[назад]
loading...
Коментари