Драма на грчко-турската граница: Уапсени двајца новинари

Сабота, 10 Март 2018 | Прочитано 390 пати.

Двајца германски новинари биле уапсени вчера од страна на грчката полиција на грчко-турската граница, додека известувале за движењето на мигранти во регионот, јави новинската агенција ДПА.


Германската амбасада во Атина ја потврди веста. Уапсените се 33 годишна жена и 31 годишен маж, за кои се претпоставува дека работеле за телевизијата АРД.


Тие немале дозвола да престојуваат во добро чуваната погранична област меѓу двете држави. Германското Министерство за надворешни работи информираше дека работи преку конзуларните служби да го расчисти случајот.


Апсењето на новинарите доаѓа една недела откако турската армија зароби двајца грчки војници кои ја преминале границата додека биле на патрола. Војниците се обвинети за шпионажа.

[назад]
loading...
Коментари