Дрецун: Изјавата на Могерини значи измена на резолуцијата 1244?

Среда, 13 Март 2019 | Прочитано 179 пати.

Изјавата на шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, дека решението на косовското прашање треба да биде верификувано во СБ на ОН, укажува на нов правец во решавањето на косовскиот проблем, што подразбира измена на резолуцијата 1244 на СБ на ОН, оцени денеска претседателот на српскиот општински Одбор за КиМ, Милован Дрецун.


„Госпоѓа Могерини зборува за тоа дека тие разговори ќе бидат поврзани со стаатусот на КиМ, значи подигнати на повисоко ниво, дека тие мора да бидат потврдени од СБ на ОН“, изјавил Дрецун.


Тоа, како што рекол, укажува на можноста евентуалното конечно решение да биде поразлично од резолуцијата 1244, дека таа треба да се менува и оти затоа е неопходно како таква да ја усвои СБ на ОН.


Шефицата на дипломатијата на ЕУ, изјави во Њујорк дека за продолжение на дијалогот меѓу Белград и Приштина, неопходно е Косово да ги укине таксите и порача дека финалниот договор мора да биде во согласност со меѓународното право, но и да добие поддршка од Советот за безбедност на Обединетите Нации.

[назад]
loading...
Коментари