Дубровник: Рекордна количина на марихуана запленета во автобус на туристичка агенција

Петок, 23 Авг 2019 | Прочитано 581 пати.

Рекордна количина од 342 килограми марихуана е запленета на граничниот премин Карасовиќи кај Дубровник.


Полицискиот оддел Дубровник-Неретва ја прогласи оваа заплена на својата територија за најголема во текот на годинава, пренесува хрватскиот портал „Индекс“.


Вредноста на запленетата дрога се проценува на пет милиони куни (околу 675.000 евра), односно 2 милиони евра при малопродажба на црниот пазар.


„Автобусот кој бил регистриран на туристичка агенција од Дубровник, бил управуван од 49-годишник од овој град, кој кај службениците предизвикал сомнеж поради неговата нервоза“, беше објавено на прес-конференција.

[назад]
loading...
Коментари