Еден војник загина, а тројца се повредени при НАТО-вежба крај Пловдив

Вторник, 18 Јун 2019 | Прочитано 326 пати.

Еден падобранец загина, а тројца други се повредени при инцидент за време на симулација на масовен десант, како дел од вежба на НАТО крај селото Чешнегирово во близина на бугарскиот град Пловдив.


Од бугарското Министерството за одбрана за БГНЕС велат дека дека починатиот војник не е бугарски државјанин, и додаваат дека меѓу повредените исто така нема бугарски државјани. Тие се сместени во болница и се под медицински надзор.


Од Министерство рекле дека ќе можат да кажат детали во врска со несреќниот случај и причините кои довеле до него откако ќе добијат одобрување од американска страна бидејќи вежбата „Swift Response“ (Брз одговор) се раководи од командантот на копнените сили на САД во Европа.

[назад]
loading...
Коментари