ЕК бара од косовската Влада да ја намали бројката од 74 заменици министри

Среда, 16 Мај 2018 | Прочитано 179 пати.

Европската комисија побарала од Владата на Косово да постави ограничување за бројот на заменици министри, или со нацрт-законот за функционирањето на државната администрација и независните агенции, или со оној за Владата, објави денеска „Коха Диторе“.


Повикот произлегол од заедничките заклучоци на Посебната група за реформи во јавната администрација, објавени во вторникот, по средбата одржана на крајот на април, јави дописникот на МИА од Приштина.


Европската комисија нагласува дека политичкото влијание при именувањето и разрешувањето продолжува да претставува загрижувачки проблем.


– Страните се согласни дека правилникот за именување високи цивилни службеници треба да се преразгледа веднаш со помошта на експерти, со цел да се обезбеди целосно почитување на принципот на заслуги и да се усвои од Владата до 17 септември 2018 година, се вели во заклучокот.


Владата на Рамуш Харадинај има вкупно 74 заменици министри, односно по пет, па и повеќе заменици во едно министерство.

[назад]
loading...
Коментари