Ердоган го објави составот на новиот Кабинет

Вторник, 10 Јул 2018 | Прочитано 272 пати.

Tурскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган синоќа ги објави имињата на членовите на неговиот нов Kабинет во кој има 16, за разлика од досегашните 23 министри.


Тоа е еден од најважните елементи на новиот систем на државно управување во Турција во кој Ердоган има овластување да ги назначува и разрешува министрите.


Ердоган во новата Влада задржа само четворица од претходните министри, назначи две жени и го укина Министерството за европски прашања.


За министер за финансии го назначи својот зет Берат Албајрак, кој досега беше министер за енергетиката и природни ресурси.


Тројца министри ги задржуваат функциите – Мевљут Чавушоглу останува министер за надворешни работи, Сулејман Сојлу повторно е министер за внатрешни работи, а непроменет е и министерот за правда Абдулхамит Ѓул.


Досегашниот началник на генералштабот Хулуси Акар ќе биде нов министер за одбрана.


За првпат на чело на Министерството за трговија ќе застане жена – Рухсар Пекџан, а втората жена во новата Влада е министерката за семејни прашања Зехра Зумрут Селчук, во чие Министерство се спои и Министерството за труд и социјална политика.


Министер за култура и туризам ќе биде Мехмет Ерсој, за енергетика и природни ресурси ќе биде Фатих Донмез, за здравство Фахретин Коџа, за образование Зија Селчук, за транспорт и инфраструктура Мехмет Џахит Туран, за животна средина и урбанизам Мурат Курум.


 

[назад]
loading...
Коментари