Ердоган навистина не се откажува

Среда, 10 Апр 2019 | Прочитано 217 пати.

Tурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека турската изборна комисија треба да ги поништи локалните избори во Истанбул поради нерегуларности.

Како што пренесе провладиниот весник Сабах, Ердоган разговарал со новинарите во авионот при враќањето од Москва, тврдејќи дека некои претставници на избирачките места не биле државни службеници и поради тоа е прекршен законот, пренесе АП.

„Нашите колеги ова го дознаа. Нормално, сето ова предизвикува сомнеж. Ако искрено ја разгледаат ситуацијата, ќе дојде до поништување (на изборите)“, рече Ердоган.

Турскиот претседател во понеделникот изјави дека избирачките места биле на мета на „организиран криминал“.

Партијата на турскиот претседател претрпе сериозен пораз на локалните избори во Турција, бидејќи ја загуби контролата и во главниот град Анкара и во најголемиот турски град, Истанбул. Ердоган побара пребројување на гласовите, но претседателот на изборната комисија во Истанбул експлицитно го одби.

[назад]
loading...
Коментари