Ердоган по повод 23 април претседателската фотелја му ја препушти на ученик во шесто одделение

Вторник, 23 Апр 2019 | Прочитано 525 пати.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во рамките на манифестациите по повод 23 април Денот на националниот суверенитет и Празник на детето, својата фотелја му ја препушти на Озан Созејатароглу, ученик во шесто одделение во основното училиште Кува-ји Миллије во Анкара.


Претседателот Ердоган денеска во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, ги прими министерот за национално образование Зија Селчук и децата во негова придружба.


Во оваа пригода Ердоган рече „На вас, децата, гаранцијата на нашата иднина, ви го честитам 23 април Денот на националниот суверенитет и Празник на детето“ и истакна дека по овој повод ги испраќа своите најсрдечни поздрави до децата од целиот свет.


„Со благодарност се потсетувам на сите оние кои имаат заслуга во формирањето и достигнувањето до овие денови на нашата држава, на чело со Гази Мустафа Кемал Ататурк. На нашите газии им посакувам здрав, добар и долг живот.“ - рече Ердоган.


Велејќи им на учениците дека со нивната работливост, вредност, успесите и возбудата ќе ја носат Турција до многу понапреден степен, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Оваа земја во вашите раце ќе го достигне местото во светот, кое што го заслужува. Никогаш немојте да ги изгубите вашите надежи, никако немојте да дозволите да изгасне вашата  возбуда, не поставувајте никаква препрека пред вашите мисли. Не заборавајте, вие сте чеда на еден голем народ чија 2.200 годишна историја е исполнета со славни победи и освојувања. Уште еднаш ви го честитам 23 април Денот на националниот суверенитет и Празникот на детето.“   


Извор: ТРТ.Македонски

[назад]
loading...
Коментари