Ердоган се закани: Наскоро ќе удриме уште посилно, ќе има нови воени операции!

Понеделник, 07 Мај 2018 | Прочитано 492 пати.

Tурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека турската армија наскоро ќе започне со нова офанзива во близина на границата со Сирија.



Ердоган најави дека турската армија ќе започне нова прекугранична офанзива, односно нова агресија на територијата на северна Сирија која ќе биде насочена против курдските "терористи", но не откри повеќе детали.


„За да ги исчистиме границите од терористичките групи, Турција ќе започне со нови операции по моделот на операциите Штитот на Еуфрат и Маслиново гранче“, изјави Ердоган во Истанбул, говорејќи во пресрет на предвремените парламентарни и претседателски избори закажани за 24-ти јуни.



 

Турската армија на 20-ти јануари започна голема офанзива во Африн, на северот од Сирија насочена против курдските борци кои што се регрутирани од тамошното локално население за да се борат против Исламската држава.


Курдските сили беа најголемите сојузници на Соединетите Американски Држави кои што им даваа поддршка во оружје и воена опрема при заштитата на нивните домови од налетот на џихадистите на Исламската држава.



 

Ердоган деновиве започна со подготовка и со предизборни митинзи во пресрет на изборите кои што ќе се одржат идниот месец.


Според аналитичарите, тие избори ќе бидат посебно важни затоа што ќе го означат преминувањето од парламентарен на претседателски политички систем во Турција, според кој Ердоган како претседател на државата ќе добие пошироки овластувања обезбедени со минатогодишните измени на Уставот кои што Ердоган ги иницираше.


[назад]
loading...
Коментари