Ердоган: „Терористичките организации се паразити кои се хранат од исто мочуриште“

Четврток, 04 Јул 2019 | Прочитано 96 пати.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека „терористичките организации се паразити кои се хранат од исто мочуриште“.


Во говорот на свеченоста по повод „8-та манифестација на доделување на дипломите на меѓународните студенти“ што се одржа под покровителство и во координација на Управата за Турците во странство и роднински заедници (ЈТБ), претседателот Ердоган рече:


„Ние на вас, откако ќе се вратите во своите земји сметаме како на шефови на мисиите на Турција во вашите земји. Една од нашите цели е бројот на меѓународните студенти до 2023 да го зголемиме на 200 илјади“.


Ердоган во говорот се осврна и на борбата против тероризмот. Во тој контекст Ердоган рече:


„Ние и исламскиот свет нема да паднеме во стапицата крволочните убијци без оглед на тоа дали се работи за терористичката организација ДЕАШ, ПКК, ФЕТО која пукаше во своите граѓани, неонацистичкиот терор. Сите тие се само различна страна на медалјонот. Тоа се паразити кои се хранат од исто мочуриште.


Турција насилството никогаш не го прифати како систематски начин на борба“ рече Ердоган.

[назад]
loading...
Коментари