Големо невреме во Сараево - авионите пренасочени кон Загреб и Белград

Среда, 14 Авг 2019 | Прочитано 263 пати.

Силно невреме вчера погоди делови од Босна и Херцеговина, а во Сараево два авиони не успеале да слетаат на аеродромот поради слаба видливост, по што биле пренасочени кон Загреб и Белград.


Излевање на водата од канализациите имало во повеќе улици, водата ги поплавила продавниците и угостителските објекти, но и подрумите на куќите.


Невреме проследено со силен дожд, град и грмотевици имало и во Бањалука

[назад]
loading...
Коментари