Хан: Косовските царини се контрапродуктивни

Вторник, 16 Апр 2019 | Прочитано 247 пати.

Еврокомесарот Јоханес Хан по средбата со косовскиот претседател Хашим Тачи во Брисел на својот Твитер профил изрази задоволство од средбата и напомена дека е важно да продолжи дијалогот Србија – Косово. Тема на средбата биле косовскитe царини и визната либерализација.

„Го повторив ставот на ЕУ дека косовските царини се контрапродуктивни и дека треба барем да бидат суспендирани“, напиша Хан на Твитер по средбата.

Дијалогот Белград-Приштина е суспендиран од ноември откако Косово воведе високи царини врз увозот на производи од Србија и Босна и Херцеговина.

Францускиот претседателот Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел на 29 април во Берлин ги поканија српскиот и косовскиот претседател на средба, во обид да се деблокира дијалогот меѓу двете страни. На средбата во Берлин се поканети и другите премиери од регионот, вклучително и премиерот Зоран Заев.

[назад]
loading...
Коментари