Харадинај бара Уставниот суд да му ја протолкува оставката

Понеделник, 29 Јул 2019 | Прочитано 124 пати.

Косовскиот премиер во оставка, Рамуш Харадинај, изјави дека денеска побарал од Уставниот суд толкување на неговата оставка, која ја поднесе на 19 јули, како и за идното функционирање на Владата до одржување на предвремените парламентарни избори.


Тој на својот Фејсбук профил напиша дека целта на неговото барање до Судот е да добие објаснување за правната ситуација, создадена во нови околности. Харадинај смета дека тоа е негова одговорност, со цел до следните избори Владата да функционира согласно уставната и правната рамка.

[назад]
loading...
Коментари