Харадинај ги повика Албанците да гласаат за Ѓукановиќ

Среда, 11 Апр 2018 | Прочитано 307 пати.

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај изјави дека Албанците во Црна Гора на неделните претседателски избори треба да излезат и да гласаат за кандидатот на владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС), Мило Ѓукановиќ.


Во изјавата за приштинската телевизија Т7, Харадинај изјави дека Албанците во Црна Гора имаат стратешки партнер во ДПС и оти тоа треба да го зајакнат на тој начин што на 15 април ќе гласаат за Ѓукановиќ за претседател на Црна Гора.


Тој оцени дека Косово и Црна Гора имаат пријателски односи и изрази надеж дека најдоцна за шест месеци Косово ќе добие визна либерализација.

[назад]
loading...
Коментари