Харадинај оптимист дека демаркацијата ќе биде изгласана следната недела

Сабота, 10 Март 2018 | Прочитано 179 пати.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај е оптимист дека следната недела ќе биде заокружено прашањето околу демаркацијата на гранцата со Црна Гора.


Но, Харадинај не појасни дали ратификацијата ќе биде со гласовите на пратениците на Српска листа или на Движењето Самоопределување.


– Изградив многу аргументи за да имаме доволно гласови за ратификација. Разговаравме со пратениците,во прв ред со нашите партии, а во разговор сме со Српска листа и сметам дека на основа да се изгласа договорот за границата од сите. Верувам дека следната недела ќе ја затвориме оваа тема, изјави Харадинај за косовската државна телевизија.


Посочува дека имале искрен разговор со Српска листа.


– Тие се изненадија, зашто не очекуваа Албанците да се согласат и сега размислуваат за можноста да го подржат ова. Не е дека тие ја отфрлаат оваа тема, туку разговараме за можности. Ги почитувам пратениците од Српска листа, со нив разговараме за да им помогнеме на граѓаните на нашата земјата во слободното движење, посочи Хараднај.


Според него многу Срби во Косово не поседуваат лични документи од Србија и тие, како другите косовски граѓани се изолирани, што значи дека „ратификацијата на договорот е во интерес и на Србите во Косово“

[назад]
loading...
Коментари