Хрватска повторно под снег

Вторник, 12 Фев 2013 | Прочитано 310 пати.

Граѓаните на Хрватска утрово повторно се соочија со проблемите предизвикани од силните снежни врнежи и наносите на патиштата. 

 

Снегот, што на некои места достигнува и до половина метар, предизвика проблеми во автобускиот и железничкиот сообраќај, а дел од автопатиштата се затворени за сообраќај.

 

Поради снежни наноси до утрово за сообраќај е затворен дел од автопатот ДЗ. Автобусите, како што јавува хрватскиот портал Индекс.хр, доцнат од 20 до 10 минути, а слична е состојбата и со возовите.

 

 

Хрватските метеоролози најавуваат дека снегот ќе продолжи да вее и денеска.

[назад]
loading...
Коментари