Инаугурација на турскиот претседател Ердоган

Понеделник, 09 Јул 2018 | Прочитано 291 пати.

Повеќе од 20 шефови на држави ќе присуствуваат на денешната инаугурација на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во Анкара. Долгогодишниот турски лидер Ердоган победи уште во првиот круг од претседателските избори одржани на 24 јуни и доби нов петгодишен мандат. Меѓу високите официјални претставници своето присуство го потврдија, претседателите на Македонија, Србија, Бугарија, Молдавија, БиХ, Косово, Пакистан, Судан, Венецуела, Сомалија и други. Ердоган беше премиер на Турција од 2003 до 2014 година, кога беше избран за претседател.

[назад]
loading...
Коментари