Косово денеска слави пет години независност

Недела, 17 Фев 2013 | Прочитано 326 пати.

Денеска Косово одбележува пет години од прогласувањето независност од Србија

 

Во 12 часот во центарот на Приштина се одржа парада на припадници на Силите за безбедност на Косово и на косовската полиција.

Со бомбардирањето на НАТО во пролетта 1999 година од Косово беа истерани српските сили, кои дотогаш спроведуваа репресии врз косовските албански бунтовници, отворајќи го на тој начин патот за независноста, што беше прогласена на 17 февруари 2008 година со поддршката на САД и на мнозинството од земјите од ЕУ.


Независноста на Косово досега ја признаа од околу 100 држави.


Чествувањето на петгодишнината од независноста на Косово се одбележува со значителен напредок во односите меѓу Белград и Приштина.

[назад]
loading...
Коментари