Косово нема да ја менува таксата на увоз од Србија и од БиХ

Петок, 03 Мај 2019 | Прочитано 86 пати.

Претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весели изјави дека властите нема да носат одлука во врска со таксата од 100 отсто на увозот од Србија и БиХ пред средбата со српските челници, што на покана на францускиот претседател Емануел Макрон ќе се одржи на 1 јули во Париз.

„Немаме намера да донесеме одлука која ќе доведе во незавидна позиција некого од државните раководители. Никогаш нема да се потчиниме на Србија и на српскиот претседател Александар Вучиќ. Одлуките ги донесуваме одмерено, имајќи предвид што велат Соединетите Американски Држави и нашите партнери во Европската унија“, изјави Весели.

[назад]
loading...
Коментари