Курти се прогласи за нов премиер на Косово: Ќе понудам соработка

Понеделник, 07 Окт 2019 | Прочитано 236 пати.

Албин Курти веќе се прогласи за иден премиер на Косово, откако неговата Самопределување освои најмногу гласови на предвремените парламентарни избори. Прелиминарните резултати на преброени 95,88 отсто од гласачките ливчиња, покажуваат дека Самоопределување има освоено 25,79 отсто, а Демократскиот сојуз на Косово на Иса Мустафа има 25,05 отсто од гласовите.


-Веруваме дека вистинската демократска промена доаѓа кога опозицијата ќе стане влада. Опозицијата победи убедливо и оваа победа и промена беа предводени од движењето Самоопределување и јас како нов премиер на Република Косово – рече Курти, додавајќи дека ќе понуди рака на соработка како премиер за, како што рече, да ја заокружи промената.


Двете партии предводени од командантите на ОВК, кои досега ја делеа власта, паднаа на третото и четвртото место и ќе одат во опозиција. Имено, Демократската партија на Косово на чело со Кадри Весели, која своевремено беше предводена од косовскиот претседател Хашим Тачи, и Алијанса за иднина на Косово на Рамуш Харадинај, откако се најдоа на третото, односно четвртото место.


-Ние не победивме. Ја прифаќаме пресудата на народот и Демократската партија на Косово оди во опозиција – истакна Весели.


Инаку, 10 од 120 места во косовскиот парламент се резервирани за етничките Срби кои, според изборните резултати, ги доби Српската листа.

[назад]
loading...
Коментари