Лидерот на Самоопределување: Косовската химна е чудна, а знамето грешка

Вторник, 17 Сеп 2019 | Прочитано 333 пати.

Химната на Косово се вка „Европа“ и нема текст, а знамето на Косово нема ни историска ни некоја друга вредност освен географска, изјави лидерот на движењето Самоопределување, Аљбин Курти, гостувајќи во емисијата „Пресинг“ на Т7 посветена на изборите.


Зборувајќи за прашањето на знамето, симболите и химната на Република Косово, Курси истакна дека како премиер е природно да ги почитува тие симболи, пренесува „Коссев“.


„Не заборавајте дека химната се вика Европа и дека нема текст. Тоа е чудно. Се разбира, јас сум за тоа да се додаде текст во оваа химна, но тоа мора да се направи во согласност со нашиот Устав,“ рече Курти.


„Како премиер се разбира дека ќе ги почитувам, но би требало да имате на ум дека јас сум лидер на Самооопределување и ги претставувам и оние вредности што се големи за нас. Не е химна на Албанија туку на сите Албанци. Знамето на Косово нема ни историска, ниту некоја друга вредност освен географска. Знаеме дека беше грешка, но сега мопжеме само да го признаеме тоа,“ посочи тој.


Во истата емисија Курти зборуваше и за обединување со Албанија, тврдејќи дека Косово има право да ѝ се приклучи, но додеаде дека тоа денес е невозможно.


„Тоа не зависи само од нас, туку и од Албанија“, наведе тој и додаде дека партиите се пред се фокусирани на опстанок на државата Косово.


 

[назад]
loading...
Коментари