Меѓународна конференција за српско- албанските односи

Вторник, 10 Јул 2018 | Прочитано 81 пати.

Срби и Албанци- кој пат понатаму, е тема на меѓународната конференција, која денеска ќе се одржи во Белград, во организација на агенцијата Танјуг и албанската новинска агенција АТА.


На собирот ќе се зборува за односите на двата народа, историски, политички и меѓународни околности кои ги генерираат тие односи, како и по кој правец би можеле да се развијат во иднина, со оглед на истата цел, влез во ЕУ.


Воведен збор ќе има српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, а за тоа што ги спојува двата народа, кои се  пречките и како да се надминат ќе зборуваат пратеникот од Европскиот парламент Едуард Кукан, Ригелс Халили од Варшавскиот универзитет, професор Предраг Марковиќ и други, јави Танјуг.

[назад]
loading...
Коментари