Младите албански опозиционери со посебна симболика протестираа пред Парламентот во Тирана

Среда, 08 Мај 2019 | Прочитано 84 пати.

Членови на младинските форуми на опозициските партии, Демократската и Социјалистичкото движење за интеграција одржуваат мирен протест пред албанскиот Парламент, додека во собраниската сала се одржува пленарна седница.

Денешниот наш протест има посебна симболика која се однесува на одлуката на Холандија за враќање на визниот режим за нашите граѓани, како и неуспехот на премиерот Еди Рама со одложувањето на преговорите со ЕУ, што му беше кажано на Самитот во Берлин, соопштија организаторите на протестот.
Младите тоа симболично го претставуваат со носење маички со знамиња на секоја земја-членка на ЕУ и црвени картони, кои ги држат во рака.

Тие симболично направија ѕид, што според нив, претставува порака до премиерот Рама, кој со ѕид ја одделува албанската Влада од Европската Унија.

Во меѓувреме продолжува пленарната седница на законодавниот дом, која почна со едноминутно молчење во знак на почит кон припадничката на албанската армија Зарифе Хасанај (27), која пред два дена, како дел од мисија на НАТО, го загуби животот во Летонија при демонтирање на мини.

На седницата заклетва дадоа тројца нови пратеници од опозицијата, кои ги пополнуваат места на оние кои се откажаа од пратеничките мандати.

Сега бројот на пратеници е 116 од вкупно 140 колку што брои Парламентот.

[назад]
loading...
Коментари