На Ѓукановиќ му нема рамен во Црна Гора

Понеделник, 16 Апр 2018 | Прочитано 39 пати.

Мило Ѓукановиќ без поголеми изненадувања повторно победи на претседателските избори во Црна Гора и ќе продолжи да ја извршува највисоката државна функција како политичар на кој му нема рамен на црногорската политичка сцена на која се чини дека некои работи никогаш не се менуваат.


Новоизбраниот претседател порача дека неговата победа на претседателските избори е доказ за непобедливоста на коалицијата која е на власт во Црна Гора. Тој оцени дека изборниот резултат е потврда за решеноста на Подгорица да продолжи по патот на европскиот квалитет на живот и членство во ЕУ.


– Како што веќе соопштивме, во првиот круг освоивме 54 проценти од гласовите и ги натфрливме резултатите на останатите шест кандидати. Тој резултат го сфаќам како цврста приврзаност на Црна Гора да се движи по европскиот пат, изјави Ѓукановиќ.


Тој им се заблагодари на коалициските партери и изјави дека очекува убедлива победа и на претстојните парламентарни избори.


Право на глас имаа 532.599 граѓани, а според податоците на ЦДТ гласале 64 отсто од државјаните со право на глас. Со освоени речиси 55% од гласовите Ѓукановиќ победата ја осигура уште во првиот круг на гласање на претседателските избори.

[назад]
loading...
Коментари