На Самитот во Софија се заканува дебакл поради Косово

Понеделник, 14 Мај 2018 | Прочитано 323 пати.

ЕУ се обидува со дипломатски финеси да спречи фијаско на Самитот за Западен Балкан, кој неделава треба да се одржи во Софија, оценува агенцијата ДПА.


Кавгата за Косово со оглед на тоа дека пет земји-членки на ЕУ не ја признаваат еднострано прогласената независност на Косово во 2008 година и сакаат тоа јасно да го стават до знаење и на Самитот во Софија, прави проблеми.


Па така, во завршната декларација од состанокот ќе треба да се говори за „партнери од Западниот Балкан“, а не за „држави од Западниот Балкан“, дознава германската агенција ДПА, од извори во ЕУ. Дополнително, местата одредени за шефовите на држави или влади ќе бидат одбележани со нивните лични имиња, а не со имињата на државите кои ги претставуваат.


Според изворите на ДПА, од самитот не се очекуваат никакви конкретни резултати. 

[назад]
loading...
Коментари