Незапаметен масакр во Хрватска! Причината најверојатно – љубомора

Петок, 02 Авг 2019 | Прочитано 130 пати.

Шесткратно убиство и едно самоубиство е епилогот од крвавата хорор драма што синоќа ја потресе хрватската престолнина, Загреб. Жртви се членови на едно семејство, а сторителот е поранешно момче на една од ќерките во семејството. Настрадале две сестри, синче на едната од нив, момче на другата и родителите на двете сестри. Вистинско чудо е што крвавиот пир го преживеало седуммесечно бебе, најверојатно вонбрачно дете на убиецот, кој денеска, притиснат од обрачот на полицијата, се самоуби. Локалните медиуми пренесуваат дека најверојатно причина за убиствата е љубомора.

[назад]
loading...
Коментари