Ороа: “Србија мора да го признае Косово“

Понеделник, 18 Фев 2013 | Прочитано 280 пати.

Француската пратеничка Даниел Ороа тврди дека Србија ќе мора да го признае Косово. Барањето за признавање не е на хартија, туку усмено, вели Ороа за “Новости".

 

“Обрачот Косово сè повеќе се стега околу Србија. Во моментот додека почнуваат решавачките преговори во рамки на дијалогот со Приштина, стигаат притисоци од земјите кои ја признаа еднострано прогласената независност", вели Ороа.

 

Таа истакнува дека без меѓусебно признавање на крајот на европскиот пат, членството на Србија во Европската унија нема да биде можно.

 

"Мислам дека сите ние сакаме да и  помогнеме на Србија да ги исполни сите критериуми. Навистина, овие критериуми се покомплицирани и бројни, но јас верувам дека Франција, како историски сојузник на Србија има улога за да се олесни овој процес", вели таа, но повторно потенцриа дека за влезот на Србија во ЕУ пресудно е решавањето на политичкиот дијалог со Приштина.

[назад]
loading...
Коментари