Осми протест на албанската опозиција

Среда, 03 Апр 2019 | Прочитано 245 пати.

По започнувањето на пленарната седница во Тирана, опозицијата го започнува осмиот протест против Премиерот на Албанија, Еди Рама и неговата влада. Главните барања се формирање на преодна влада без Рама и предвремени избори.

Овојпат во отсуство на лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша, кој замина во Берлин на средба со ЦДУ и Европските народни партии, одговорнопста ја презема младинскиот форум на партијата.

Младите од опозициската партија облечени во црно каде што пишува „Слобода, Демокрација, Надеж“ носат и банери со изразот „Бегај“.

Од друга страна Рама ја обвинува опозицијата дека не посакува убави нешта, туку, како што нагласи, „само проблеми, јајца и боја“.

Во меѓувреме полицијата ги зголеми безбедносните мерки пред албанскиот парламент поставувајки и камери со висока резолуција за полесна идентификација на проблематичните лица.

[назад]
loading...
Коментари