Пациент уби пет лица во психијатриска болница во Романија

Понеделник, 19 Авг 2019 | Прочитано 223 пати.

Пациент во психијатриска болница во Романија претепал до смрт пет други пациенти со сталак за инфузија и повредил уште неколкумина, соопштија денеска официјалните лица.


Сè се случило во неделата во болницата во Сапока, североисточна Романија.


Според АП, 38-годишен пациент убил три лица на самото место. Четвртиот починалe вчера во болницата, а денес уште една 88-годишна жена.


По овој инцидент, шефот на болницата Виорика Михаласку поднесе оставка.


Романското Министерство за здравство соопшти дека против вработените во болницата ќе биде поднесена кривична пријава за небрежност на работното место.


Романскиот портал „romaniajournal“ известува дека девет лица се повредени, од кои некои во кома.


Сите жртви, наводно, биле постари лица кои биле примени во болницата поради деменција и затоа не реагирале кога биле нападнати.


Полицијата го уапси напаѓачот и тој е во притвор.

[назад]
loading...
Коментари