Политичка криза во Албанија

Петок, 11 Јан 2019 | Прочитано 220 пати.

Албанскиот претседател, Илир Мета одби да го потврди именувањето на Гент Чакај на местото министер за надоврешни работи, и со тоа предизвика сериозен политички
потрес во земјата, а во кои се вклучија и политичари од Косово, пренесуваат албанските медиуми.

Албанскиот премиер, Еди Рама, синоќа упати остри пораки до противниците за именување на Чакај за шеф на дипломатијата.

Рама посочи дека одлуката на претседателот Мета да го одбие неговиот кандидат е „противуставна и срамна“, пренесува РТС.

„Аргументите кои ги п онуди господинот претседател се на застрашувачко скандалозно ниво. Јас упатувам извинување до Косово поради овој срам“, напиша Рама на Твитер.

Чакај, кој во моментов е заменик-министер за надворешни работи, се најде во центарот на контроверзноста поради неговата поддршка која му ја пружи на косовскиот премиер Хашим Тачи во идејата за демаркација со Србија, на што остро реагираше и поранешената шефица на приштинскиот тим за преговори во Брисел, Едита Тахири.

Тахири силно го поддржа ставот на Илир Мета, таа наведе дека овој потег на албанскиот претседател е визионерски и во функција на зачувување на границите.

„Дури и Едита Тахири им се придружи на кукавиците”, одговори Рама.

Рама го кандидираше Чакај за министер за надворешни работи, бидејќи неговиот претходник Дмитри Бушати беше сменет од функцијата, бидејќи како што посочија тогаш албанските медиуми Бушати се залагал за решевање на деценискиот проблем со Грција околу поморските граници, и притоа како што пренесуваа медиумите тој бил подготвен и за одредени отстапки кои би ги побарала официјална Атина.

[назад]
loading...
Коментари