Претседателот Ердоган: Светот се соочува со глобална неправда и тоа станува причина за борби за моќ

Среда, 25 Сеп 2019 | Прочитано 409 пати.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше пред 74. заседание на Генералното собрание на Обеиднетите нации (ОН) во Њујорк, во САД.


Претседателот Ердоган истакна дека светот се соочува со глобална неправда и дека тоа станува причина за борби за моќ.


„Додека среќното малцинство во светот дискутира за роботите, многу е болно тоа што над 1 милијарда луѓе живеат под границата на гладта“ - рече Ердоган и истакна дека не е можно да се прифати тоа што еден дел од светот продолжува да живее во луксуз, од друга страна во друг дел преовладуваат беда и глад,


Повторувајќи го слоганот „Светот е поголем од пет (постојаните членки на Советот за безбедност на ОН)“, претседателот Ердоган додаде: „Уште од одамна дојде време да ги смениме ѝ нашиот менталитет, ѝ нашите институции (организации) ѝ нашите правила."


Тој напомена дека лично чувствува вознемиреност од искористувањето на нуклеарното оружје како адут при секоја криза и рече: „Нуклеарната сила или би требала да биде забранета за сите или да биде дозволена за сите.“


Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во своето обраќање го појасни и приодот на Турција кон безброј наслови како што се решението на сириската криза и бегалскиот бран, борбата против расизмот, антиисламизмот и меѓународниот тероризам, потребата од формирање на независна држава Палестина, неправдата во приодите кон проблемот во Источниот Медитеран, спасувањето на жителите на Кашмир од блокадата и ставањето под гаранција на нивната иднина.


Ердоган предложи 15 март, годишнината на нападот во Нов Зеланд чија цел беа муслиманите да биде прогласен за „Ден на солидарност против непријателствто кон исламот“, а воедно соопшти дека кандидат на Турција за должноста претседавач на 75. заседание на Генералното собрание на Обеиднетите нации (ОН) ќе биде поранешниот министер за ЕУ, претседателот на Комисијата за надворешни работи при Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) амбасадорот Волкан Бозкир.


Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган своето обраќање пред 74. заседание на Генералното собрание на Обеиднетите нации (ОН) во Њујорк, во САД го заврши со зборовите: „Мир за сите, слобода за сите, просперитет за сите, правда за сите, мирна и безбедна иднина за сите.“

[назад]
loading...
Коментари