Притворени 26 припадници на турската Армија осомничени за врски со Ѓулен

Петок, 14 Сеп 2018 | Прочитано 239 пати.

Суд во Истанбул им одреди мерка притвор на 26 припадници на Армијата на Турција, осомничени дека се припадници на движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува за создавање паралелни структури во државните органи и дека стои зад обидот за преврат во јули 2016 година.


Тројца од приведените се осомничени дека се „тајни имами“, односно лидери на структурите на движењето на Ѓулен во државните органи, меѓу кои и во војската, полицијата и жандармеријата.


Лицата на кои им е одреден притвор се дел од групата од 68 осомничени, против кои Јавното обвинителство од Истанбул покрена истрага за поврзаност со мрежата на Ѓулен во Вооружените сили на Турција.


Во рамки на истрагата Обвинителството досега поднесе барања за апсење на 88 лица, меѓу кои и офицери од редовниот и резервиот состав на Армијата.

[назад]
loading...
Коментари