Рама ја поздрави идејата 2019 да биде прогласена за година на НАТО

Среда, 09 Јан 2019 | Прочитано 143 пати.

Премиерот на Албанија, Еди Рама на Твитер ја поздрави идејата на косовскиот претседател Хашим Тачи, кој изјави дека е време 2019 да биде прогласена за година на НАТО. „Ја поздравувам идејата на Хашим Тачи за прогласување на оваа година, како година на НАТО, 20 години по историското навлегување на Алијансата во Косово. Оваа годна се совпаѓа и со 10-годишнината од зачленувањето на Албанија во НАТО. Да направиме ден на границата „шенген“ на Морина како момент на кулминација во годината на НАТО, напиша Рама. Инаку, премиерот Рама во својата новогодишна порака рече дека отварањето на границите со Косово е само почеток и дека е во план иста постапка кога е во прашање Црна Гора, Македонија и Грција.

[назад]
loading...
Коментари