Романија официјално го презеде претседавањето со ЕУ

Петок, 11 Јан 2019 | Прочитано 74 пати.

Романија синоќа официјално го презеде претседавањето со Европската Унија. Свечената церемонија се одржа во Букурешт во присуство на високи домашни политички претставници и првите политичари од Брисел, меѓу кои и претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер, претседателот на ЕП, Антонио Тајани, претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск.


Претседателот на Романија, Клаус Јоханис, изјавил дека неговата земја ќе работи за единствена и силна ЕУ, нагласувајќи дека во моментов најголеми предизвици се брегзитот, миграциите и прашањето за безбедноста.


Инаку, Романија го презема претседавањето со ЕУ од Австрија која претседаваше претходните шест месеци.

[назад]
loading...
Коментари