САД загрижени поради изборниот процес во Босна и Херцеговина

Вторник, 09 Окт 2018 | Прочитано 233 пати.

САД ја делат загриженоста што ја изразија изборната набљудувачка мисија ОБСЕ, меѓународните тимови и невладините организации, во врска со изборниот процес во Босна и Хергеговина, објавено е на страницата на „Стејт департментот“.

Како што се наведува во соопштението потпишано од Хедер Науерт, портпаролка на државниот секретар Мајк Помпео, САД ги охрабруваат босанските институции да се занимаваат со недостатоците кои ги воочија ОБСЕ.

„Остануваме посветени на целта за стабилна и просперитетна Босна и Херцеговина“, се наведува во соопштението.

Набљудувачите заклучија дека изборите во Босна и Херцеговина биле одржани со кршење на Европската конвенција за човекови права и на база на етничка дискриминација. Тие додаваат дека кандидатите биле фокусирани на лични напади и ширење на страв. Набљудувачите на ОБСЕ констатираа дека сомнителните случаи при гласањето ќе бидат предадени до обвинителството.

[назад]
loading...
Коментари