Се бара доживотна казна за Србите обвинети за убиство на Закинтос

Вторник, 10 Апр 2018 | Прочитано 250 пати.

Обвинителството бара доживотна казна затвор за седум српски државјани од вкупно деветмина обвинети за убиството на Американецот Бакари Хендерсон на грчкиот остров Закинтос.


Според „Политика“, истрагата утврди дека младичот починал по само 11 секунди од ударот со нога по глава и дека еден од учесниците во кривичното дело никогаш не бил идентификуван.


Во обвинението од 55 страници се бара оваа казна за деветмина учесници во кривичното дело, а шестмина Срби се судат за „тешко кривично дело убиство без предумисла во пресметлива психичка состојба“.


За делото „директно соучесништво во убиство без предумисла“ му се суди на еден учесник во инцидентот, а на уште двајца за „убиство во обид“.


Грчките медиуми, исто како и во јули, 2017 кога се случи убиството, го третираат случајот како главна вест и потсетуваат на грозоморните детали за инцидентот пред бар на Закинтос, како и на барањето да се продолжи притворот на обвинетите со образложение дека станува збор за „едно од најбруталните убиства извршено од млади луѓе“.

[назад]
loading...
Коментари