Штрајк на просветните работници во Косово

Понеделник, 12 Март 2018 | Прочитано 78 пати.

Во Косово денеска нема да се одржува настава на сите новоа поради штрајкот на просветните работници, во знак на солидарност со нивните колеги од 90- те години, чиј статус сеуште не е решен.


Обединетиот синдикат за образование, наука и култура соопшти дека, и покрај неколкуте предупредувачки штрајкови во траење од по еден и два часа, Владата не направила ништо во однос на нивното барање, па поради тоа денеска нема настава ни во основото, ни во средното, ни во високото образование.


– Доколку Владата до 13 април не го процесуира Предлог-законот за статусот на просветните работници од 90-те години, тогаш ќе почнеме штрајк со неодредено време, се закани претседателот на Обединетите синдикати, Рахман Јашари.


Доњета Гаши, портпаролка на Владата претходно изјави дека на Владата и треба време за да го реализира барањето на синдикатот.


Но, Јашари, посочи дека на Владата и дале доволно време до сега.


– Синдикатот и даде на Владата доволно време, но она што нас не натера да штрајкуваме е судбината на Проект-законот за статусот на вработените во образованието од 90-те години. Историјата на овој закон е од 2013 година кога Парламентот по дебатата на две седници го задолжи Министертвото за образование и наука да подготви закон,со кој ќе им се признае пензија. Од владите на Иса Мустафа и Рамуш Харадинај ни беше ветено дека во знак на почит кон просветните работници од 90-те годни законот ќе оди во Парламентот, но од тоа ништо, тврди Јашари.


Тој упати апел Владата сериозно да го сфати ова прашање.


Премиерот Харадинај претходно наведе дека како морална обврска прифатил да го процесуира законот за просветните работници од деведесетите години. Додека од Министертвото за финансии истакнуваат дека за тоа нема средства.

[назад]
loading...
Коментари