Силна експлозија одекна утрово во Загреб

Четврток, 29 Ное 2018 | Прочитано 201 пати.



Во центарот на Загреб во Хрватска, утрово во 6.20 часот одекна силна експлозија.

Полицијата соопшти дека нема повредени, а оштетени се неколку возила и стаклата на станбените објекти во близина.

Како што пренесе „Хрватската радио телевизија“, причината за експлозијата не е позната. Улицата Домагојева утрово е затворена за сообраќај.


 


[назад]
loading...
Коментари