Словенечкиот претседател во посета на Косово

Понеделник, 12 Фев 2018 | Прочитано 135 пати.

Словенечкиот претседател Борут Пахор денеска ќе допатува во дводневна официјална посета на Косово.


Пахор во Приштина ќе се сретне со косовскиот државен врв, при што на средбите главна тема ќе биде перспективата на Косово во ЕУ, како и „други прашања за Западен Балкан“.


Церемонијата на дочек на Пахор ќе се одржи попладнево на плоштадот „Ибрахим Ругова“, по што тој првата средба ќе ја има со неговиот домаќин, косовскиот претседател Хашим Тачи.


Посетата на Пахор е во рамки на десетгодишнината од независноста на Косово, која се одбележува на 17 февруари. Тоа е негова прва посета на Косово.

[назад]
loading...
Коментари