Смртоносен грип владее во регионот - ако го фатите мора да одлежите три дена, ова се симптомите

Среда, 09 Јан 2019 | Прочитано 610 пати.

Грип зема замав во Србија, додека во Хрватска бележи и први смртни слачи. Таму досега починале две лица.


Во двете земји е регистриран грипот А Х1Н1, познат како „свински“ или паднемиски грип, кој владееше во светот во 2009 година.


Чекалните во српските болници се преполни овие денови со пациенти кои чувствуваат симптоми од грипот. Актуелниот вирус ги напаѓа горните дишни патишта, а основни симптоми се температура која не поминува над 38 степени, иритирачка сува кашлица, болки во мускулите и гребење во грлото. Ако пациентите ги почувствуваат овие симптоми мора да лежат три дена во кревет. Доколку грипот се обидат да го надминат на нозе големи се шансите да се добие восплание на белите дробови.


-Таргет на овој вирус се белите дробови. Затоа е најважно да одлежите барем три дена, бидејќи овој грип ако не се одлежи, може да доведе до тешки компликации - воспаление на белите дробови,  бронхитис... Се советува симптоматска терапија која освен мирување подразбира надоместок на течности и употреба на лекови за симнување на телесна температура, додека антивурисните лекови се земаат само по препорака на доктор. Темопературата сепак не ја симнувајте, додека не надмине над 38 степени, бидејќи на овој начин вашиот организам се бори со вирусот - објаснува доктор Драган Милјковиќ, специјалист по општа медицина.


Карактеристично за овој грип е што почнува одеднаш, со лесна температура која најчесто не надминува над 38, болка во мускулите и кашлица.


Докторот вели дека освен мирување, за закрепнување се препорачуваат и внесување на течности, но и разновидна исхрана богата со зеленчук.


Смртност настапува само при компликации.

[назад]
loading...
Коментари