Српската опозиција најави бојкот на изборите

Вторник, 06 Авг 2019 | Прочитано 83 пати.

Лидери на опозицијата најавија дека доколку не им бидат усвоени барањата до средина на септември, тие ќе ги бојкотираат изборите. По нивниот состанок претседавачот на Сојузот за Србија, Јанко Веселиновиќ изјави била постигната согласност дека немало услови за слободни и фер избори и дека медиумите не се слободни. Тој им порача на власта да не помислуваат да „манипулираат со така наречени разговори“, како и дека опозицијата ќе ги исцрпи сите можности за да се дојде до слободни избори, а тоа се и разговори и учество на протестите „Еден од пет милиони“.

[назад]
loading...
Коментари